ФФМ СО ОСТРА РЕАКЦИЈА ДО ШКЕНДИЈА: ЗАВРШИ ВРЕМЕТО ,,КАКО ДО СЕГА” – НЕМА ПОВЕЌЕ ПРИВИЛЕГИИ
Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов продолжува со феноменалната форма во турскиот тим, Кочаелиспор и повторно беше фактор на одлука во новата победа.
Дарко влезе во игра во 73 минута а веќе во 76 запиша маестрална асистенција кон Сердар Дурсон. Кочаелиспор истрча одлична контра, топката дојде до Чурлинов во шеснаесетникот кој со врвно фудбалско чувство го проигра Дурсон за 2:0.
Само пет минути подоцна Чурлинов со одлично додавање од левата страна го продајде Ригоберто Ривес за голема победа од 3:0 над Газиантеп.
Ова е продолжение на одличната форма на Чурлинов откако и во претходното коло со маестрална асистенција донесе победа.

