МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Ракометарите на Вардар на фантастичен начин и голема победа на гостувањето кај Мелсунген (25-34) обезбедија директен пласман во 1/4 од Европската лига.
Познато е дека Вардар во четвртфиналето ќе игра со подобриот од двомечот Монппеље – Елверум. Тој двомеч ќе се игра на 31 март и 7 април.
Вардар четвртфиналето ќе го започне со гостински меч кај Монпеље или Елверум на 28 април, а на 5 мај во „Јане Сандански“ е закажан реваншот.
„Црвено-црните“ на домашен терен ќе можат да испишат нова европска историја. Шанса, што не смее да се пропушти.

