Vinkmag ad

КОЛУМБИЕЦ ЌЕ ДОБИЕ ПОВИК ОД СЕДЛОСКИ ЗА ДУЕЛОТ СО ДАНСКА

Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера ќе биде едно од неколкуте нови имиња на селекторот Гоце Седлоски за бараж дуелот против Данска.

Херера е роден во Колумбија, но на почетокот од својата кариера 5 години настапуваше во домашното првенство како играч на Работнички, каде што остави одличен впечаток со своите настапи и беше еден од поважните играчи во тимот. Токму за време на неговиот петгодишен престој во Македонија, Херера доби и македонски пасош, што му овозможува сега да настапува за националниот тим.

Неговата врска со земјата дополнително се зацврсти во 2022 година, кога стапи во брак со Македонката Елена.

Во моментов 31 годишниот дефанзивец е капитен на Борац Бања Лука, а претходно освен за Работнички, играше и за МТК Будимпешта, Брегалница и кипарска Докса.

Читај Претходна

ИМРАН ФЕТАИ СО ДЕБИТАНТСКИ ПОВИК ЗА А-ТИМОТ

Читај Следна

НОВ РЕКОРД НА НЕВЕРОЈАТНИОТ ДУПЛАНТИС (ВИДЕО)