Vinkmag ad

КУЗМАНОВСКИ: ДА ВЕРУВАМЕ И ДА ЈА ИЗРАДУВАМЕ МАКЕДОНИЈА

Најзаслужниот за нерешениот натпревар против Португалија, капитенот Филип Кузмановски, е свесен дека цела Македонија прави математики но најважно од се е да веруваме во успех. Капитенот истакна дека со иста игра како против Португалија можеме до добар резултат со Романија

 

„Сите прават математики за нашиот пласман, но сакам да испратам порака до моите соиграчи – да веруваат. Ќе бидеме среќни со победа, а потоа, ако се укаже шанса, ќе гледаме да направиме и разлика.Покажуваме квалитет во текот на целите натпревари, а не само во одредени сегменти. Со ова темпо на игра играме модерен ракомет и нема да застанеме. Имаме квалитет да напредуваме и да бидеме уште подобри со секој натпревар и секое првенство.Улогите во клубовите се многу важни – така расте самодовербата. Мора повеќе да веруваме во себе, затоа што имаме квалитет, и да го смениме менталитетот. Сега покажуваме дека можеме да се вратиме и од минус пет.Романија исто така е квалитетна репрезентација и можеби има цел да нè победи на утрешната средба. Ако го повториме мечот со Португалија, мислам дека нашата победа е реална.

Мора да влеземе со ладни глави, 60 минути фокус и концентрација на нашата тактика и игра, па на крај да се радуваме. Се надевам дека можам да одиграм добро, верувам во себе и сакам – и мораме – да победиме за Македонија.“

Читај Претходна

ЛАЗАРОВ: ПОКВАЛИТЕТНИ СМЕ ОД РОМАНИЈА, ДА ОДИГРАМЕ КАКО ШТО ЗНАЕМЕ

Читај Следна

ФОТО: ФАЛАНГАТА СЕ ФРЛИ ПО СВЕТИОТ КРСТ ВО АРХУС