Vinkmag ad

КУЗМАНОВСКИ: ДУШАТА ЈА ДАДОВМЕ ЗА МАКЕДОНИЈА ВЕЧЕРВА

Лидерот на репрезентацијата, капитенот Филип Кузмановски, одигра натпревар на кариерата и еден од најдобрите перформанси воопшто на европските првенства. По натпреварот посочи дека сите вечерва ја оставија душата на теренот.

„Среќен сум и горд на целата екипа што 60 минути се бореше за Македонија. Денес беше посебен ден – сите сакаа, покажаа срце и имаа крв во очите. Игравме со срце, со душа и со глава за Македонија и токму тоа е најважното.
По натпреварот со Данска верувавме во себе. Знаевме дека имаме квалитет да играме и против Португалија. Добро ги анализиравме, напорно работевме и целиот фокус беше насочен кон дуелите со Португалија и Романија. Мечот со Данска беше за уживање.
Сега одиме понатаму. Ако го повториме овој настап против Романија, верувам дека можеме да победиме, но мора да влеземе во тој дуел со ладни глави. Во моментов е тешко да се прават какви било математики, не знам точно како изгледа табелата, но наше е да одиграме уште еден 60-минутен, машки натпревар и да се надеваме на победа“, изјави Кузмановски.

Читај Претходна

КАКО МАКЕДОНИЈА МОЖЕ ДО ГЛАВНАТА РУНДА?

Читај Следна

ЛАЗАРОВ: ОВА Е МАЛО ЧУДО, ИМ ЧЕСТИТАМ НА ИГРАЧИТЕ, ГОРД СУМ НА НИВ