(ВИДЕО) МАТЕЈ ГАШТАРОВ СТРЕЛЕЦ ЗА ЦРВЕНА ЗВЕЗДА НА ПОДГОТВИТЕЛЕН НАТПРЕВАР
Капитенот на репрезентацијата, Филип Кузмановски, им честиташе на Данска за одличната игра, посочувајќи дека со помалку грепки можеме да бидеме подобри со Португалија и Романија.
,,Честитки до Данска. Натпреварот го започнавме со одредена трема, но очекувам на дуелите со Португалија и Романија да настапиме многу порелаксирано. Ќе направиме темелна анализа, бидејќи уште пред стартот на првенството бевме свесни колку е тешко да се изненади селекција како Данска, која со право важи за еден од главните кандидати за златниот медал.
Фокусот сега е насочен кон натпреварите со Португалија и Романија. Доколку ги намалиме грешките, играме без страв и со поголема самодоверба, сигурно можеме да прикажеме многу подобра игра од онаа на првиот меч.
По деталната анализа се гледа дека имавме премногу технички грешки и промашени чисти шанси. Работиме на нивно отстранување и мора да бидеме на значително повисоко ниво во следните натпревари ако сакаме позитивен резултат. Добро ги познаваме квалитетите на Португалија и знаеме од каде доаѓа опасноста, бидејќи и тие играат во висок ритам. Натпреварот со Данска беше добар тест за сè што нè очекува понатаму.“

