Vinkmag ad

ЛАЗАРОВ: ПАК МАКЕДОНСКИОТ МЕНТАЛИТЕТ…

Македонската ракометна репрезентација со голот на Ненад Костески ја совлада Романија (24:23). По натпреварот Кирил Лазаров говореше меѓудругото и за македонскиот менталитет.

Тешко е да се поверува дека Данска може да слави со 18 гола разлика, тоа навистина би било речиси невозможна мисија. Сепак, им честитам на момците за прикажаното, иако жалам што не успеавме да победиме со поубедлива разлика.

Нашата цел беше пласман во Топ 12 и сметам дека со прикажаното на теренот го заслуживме тоа место. Во претходниот натпревар имавме шанса да одиграме напад за победа, но ни недостигаше присебност во клучните моменти. За жал, тоа ни се повторува – тука мора сериозно да се работи на тој македонски менталитет.

Ќе останеме во салата и ќе навиваме за Данска, со надеж дека ќе оствари убедлива победа која би ни одела во прилог. На крај, голема благодарност до навивачите и до цела Македонија за континуираната поддршка што ни ја даваат“, додаде селекторот.

Читај Претходна

ЛАЗАРОВ НАПРАВИ ЕДНА ИЗМЕНА – ПОЗНАТ СОСТАВОТ ЗА РОМАНИЈА

Читај Следна

ЛАЗАРОВ: ВАКОВ ИСХОД ДА МИ ПОНУДЕА ЌЕ ПРИФАТЕВ