ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Легендарниот хрватски пивот, Игор Вори, на конференцијата „Wolf“ каде што беше говорник, истакна голема поента во однос на младите деца кои се занимаваат со спорт.
„Катастрофа е да се гледа кој колку голови дал, кое дете колку голови дало…кој колку победил. Мислам дека е битно децата да се бават со спорт, да развиваат алтруизам, пријателство здрав дух, тоа е најважно. Што ќе бидат потоа понатаму, тоа никој не знае“ поентираше Вори.
Како дел од репрезентацијата на Хрватска, Игор Вори остави неизбришлив траг, освојувајќи златен медал на Светското првенство во 2003 и Олимписките игри во 2004, сребрени медали на Светските првенства во 2005 и 2009, како и на Европските првенства во 2008 и 2010, плус бронзени медали на Светското првенство во 2013, Олимписките игри во 2012 и Европското првенство во 2012.
Во кариерата забележа 246 настапи и 590 постигнати голови, а од 2009 до 2015 ја носеше и капитенската лента, водејќи ја Хрватска низ еден од најуспешните периоди во ракометната историја на земјата.

