ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Најдобрата Македонскат тенисерка, Лина Ѓорческа повторно ќе учествува во квалификациите за Австралија Опен, каде пред осум години беше на чекор до пласман. Оваа година, патот до главниот ждреб ќе биде исклучително тежок затоа што уште во првото коло, Лина има сериозен предизвик во името на Сиња Краус, 23 годишна тенисерка од Австрија и четврта носителка во квалификациите.
Краус е 105 тенисерка во светот, со ВТА титула и повеќе од 10 трофеи на силни фјучрс турнири и важи за голем фаворит против нашата тенисерка. Во досегашната кариера, Ѓорческа и Краус имаат играно два пати, а билансот е изедначен 1:1.
Ѓорческа во овој квалификациски турнир влегува со одлична претходна сезона во која освои две фјучрс титули а играше и неколку финалиња. Веќе неколку дена е во Мелбурн каде се подготвува за настап во Мелбурн.
Квалификациските дуели започнуваат вечерва на полноќ според македонско време, а Ѓорческа би требало да настапи на терен 12, како последен од програмата за утре.

