МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Гоце Седлоски денеска испратил репрезентативен повик до играчот на узбектистанска Согдиана – Љупче Дориев.
Триесетгодишниот крилен фудбалер кој настапува за узбекистанскиот клуб Согдиана повторно доби шанса во националниот дрес, по добрите партии кои ги прикажува во изминатиот период во странство. Од неговиот клуб со гордост ја споделија информацијата дека нивен фудбалер е дел од македонскиот национален тим.
Дориев минатата сезона играше одлично во шампионатот на Узбекистан, каде беше прогласен за најдобар странец во лигата, а воедно ја освои и титулата најдобар стрелец. Со тоа се наметна како еден од најзабележителните македонски фудбалери кои настапуваат во странство.
Во националниот дрес Дориев досега има девет настапи. Својот прв меч за Македонија го одигра во 2017 година, кога дебитираше на средбата против Лихтенштајн. Интересно е што тој натпревар се одигра во неговата родна Струмица, каде крилниот напаѓач ги направи првите чекори во кариерата.

