МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Преку океанот, во Австралија, расте млад македонски фудбалски бисер – 16-годишниот Самуел Вртковски, член на Macarthur Bulls, клуб кој настапува во најсилната австралиска U16 лига. Иако е далеку од татковината, неговиот сон е јасен: ЕДЕН ДЕН ДА ГО НОСИ ДРЕСОТ НА МАКЕДОНИЈА.
Роден е во 2009 година, а во септември наполни 16 години. Игра на позиција дефанзивен играч за врска.
Самуел важи за исклучителен техничар, со одличен преглед на игра, одлично чувство за додавање и голема тактичка зрелост за своите години.
📊 Статистика:
🎯 Точност на додавања: 91%
🛡️ Добиени дуели: 2.9 по натпревар
✂️ Пресечени топки: 2.3 по натпревар
⚡ Успешни дриблинзи: 2.7 по натпревар
🅰️ Асистенции: 11 во сезоната
Со висина од 175 сантиметри, Вртковски важи за силен играч кој доминира во дуелите со противничките играчи.
Голема желба и на Самуел и на неговото семејство е еден ден да игра за Македонија.
Се надеваме дека скаут службата на ФФМ ќе стапи во контакт со него и ќе ги следи неговите настапи – а ако со својот квалитет ја заслужи шансата, зошто да не го видиме во црвено-жолтиот дрес?

