Денеска во Брисел со почеток во 18 часот ќе се одржи ждрепката за новото издание на Лигата на нации.
Македонија за првпат во својата историја, ќе настапува во „Б“ сегментот, а пред ждрепката сместени сме во последниот, четврти шешир и сигурно е дека нема да играме против репрезентациите на Шведска, Северна Ирска и Косово.
Меѓу носителите во ждрепката се Шкотска, Унгарија, Полска и Израел. Во вториот шешир се најдоа Швајцарија, Босна и Херцеговина, Австрија и Украина, додека третиот сад го сочинуваат Словенија, Грузија, Република Ирска и Романија.
Групната фаза за новото издание на „Лигата на нации“ ќе се игра од септември до ноември 2026 година, нокаут-фазата во март 2027 година

