МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонија на колеџ лигата добива вистински кошаркарски бисер во името на Андреј Шошкиќ. Плејмејкерот на Стони Брук игра во неверојатна форма и одново беше прв стрелец и најзаслужен за новата победа на неговиот тим над Елон Феникс со 72:68.
Шошкиќ беше прво поентерско име на целиот натпревар, со 17 поени и најдобар скокач во неговиот тим со 8 фатени топки. Интересно е што Шошкиќ доби целосна доверба од тренерот и го одигра речиси целиот натпревар односно 39 од 40 минути и возврати на најдобар можен начин. Освен 17 поени, Шошкиќ имаше 8 скока и 4 асистенции а сето тоа проследено и со две украдени топки. Андреј имаше одличен процент на шут, односно 60% и тоа 3/5 за два, 3/5 за три и 2/2 од линијата за слободни фрлања.
Шошкиќ втора недела по ред е најдобар руки во неговата конференција признание добиено со одличните игри во континуитет. На последните пет средби во овие две недели во кои е најдобар во целата дивизија, Андреј има 18 поени во просек 5 скока и 4 асистенции.
Во текот на целата сезона на 23 натпревари има просек од 10 поени 2.5 асистенции и 2.5 скока и неверојатни проценти на шут, 52% за два, ИМПРЕСИВНИ 48% за три и дури 97% од линијата за слободни со што е НАЈДОБАР во целата лига.

