МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Македонската ракометна репрезентација денеска против Португалија го игра вториот меч на Европското првенство во Хернинг.
По стартниот пораз од Данска (36-24), македонските ракометари денеска се пред императив да победат, доколку сакаме да минеме во главната рунда на континенталниот шампионат.
Нема да биде воопшто лесно, играме против репрезентација која има амбиции да освои медал, која лани играше полуфинале на Светското првенство. Португалците предводени од браќата Мартим и Франциско Кошта во моментов делуваат како селекција која постојано напредува и се доближува до светскиот ракометен врв.
Сепак, со оглед на тоа што и Македонија цели да го достигне тој ракометен врв, ќе мора да покаже дека ракометно напредува, дека играчите се доволно созреани да пружат квалитетен отпор и да понудат рамноправна битка со фаворитот. Дополнителен мотив за „црвено-жолтите“ ќе биде и поддршката од неколкуте стотици македонски навивачи кои се очекува да бидат присутни на трибините во Хернинг.
Дуелот започнува од 18 часот, со директен пренос на МРТ.

