ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Македонија ќе има четворица претставници на претстојните 25. Зимски олимписки игри, кои ќе се одржуваат во Милано и Кортина од 6 до 22 февруари. Ова ќе биде најбројна македонска делегација на зимските олимпијади досега.
Македонскиот олимписки комитет објави дека Македонија ќе ја претставуваат Јана Атанасовска и Мирко Лазарески во слалом и велеслалом (алпско скијање) и Ана Цветановска и Ставре Јада во нордиско скијање во дисциплините спринт и интервал старт 10 километри.
Најискусен во оваа експедиција ќе биде Ставре Јада за кога ова е трата олимпијада по ред, а Цветановска беше дел од игрите во Пекинг пред четири години. Сое деби пак на големата олимписка сцена ќе имаат Атанасовска и Лазарески.

