Според информациите на италијанските медиуми, гигантот Манчестер Јунајтед веќе подолго време ги следи настапите на македонскиот интернационалец, Елиф Елмас.
Италијанскиот Тутомеркатовеб објави дека Јунајтед е еден од клубовите, штос е заинтересирани за потписот на Елмас. Македонскиот дијамант сезонава игра одлична сезона за Наполи и целосно ја ужива довербата на Антонио Конте.
Минатото лето интерес за Елиф Елмас покажуваше и Вест Хем, кој сериозно ја следеше неговата ситуација додека настапуваше во Германија. Сепак, македонскиот репрезентативец тогаш се реши за поинаков чекор во кариерата и ја прифати понудата од Наполи, сметајќи дека италијанскиот клуб е подобра средина за негов понатамошен развој.

