Vinkmag ad

МИТЕВ: ДАНСКА Е ФАВОРИТ, НО НИЕ ВЛЕГУВАМЕ МАКСИМАЛНО

Македонските ракометари по низата подготвителни натпревари, отаптува во Данска и се стационираше во Силкеборг, каде ќе се доспремаат работите, ќе се пеглат грешките и ќе се воигруваат последните замисли. Еден од главните адути на Македонија, Марко Митев вели дека во мислите е  само на првиот натпревар против Данска. Данците важат за фаворити, но Македонија нема да излезе со бело знаме, напротив ќе се борат со максимални сили.

 

„Добивме ден одмор по напорниот пат. Утрово одработивме фитнес тренинг, а вечер ќе тренираме во сала. За три дена започнува Европското првенство. Нашиот фокус моментално е на првиот натпревар со Данска. Можеби тие се фаворити, но наше е да го дадеме максимумот и да се избориме за добар резултат. Имаме уште три дена да се подготвиме, како тактички, така и физички и се надевам дека ќе успееме да го испратиме нивниот ритам и се надеваме на позитивен резултат“, истакна Митев

Митев се враќа по тешка повреда и долга пауза и полека фаќа ритам, а токму од неговата форма и настапи ќе зависат многу работи во нашата игра во Данска

Читај Претходна

МАКЕДОНИЈА НИЗ ПРИЗМАТА НА ЕФХ: ОГНЕНИТЕ МАКЕДОНЦИ…

Читај Следна

РАКОМЕТАРИТЕ ТРЕНИРАА НА ДАНСКО ТЛО (ВИДЕО)