Vinkmag ad

МИТКО ЈАНЧЕВ: СЕ ОГРАДУВАМ ОД СКАНДИРАЊАТА И ПАРОЛИТЕ НА НАВИВАЧИТЕ ПРОТИВ ФФМ – СО МАСАР ОМЕРАГИЌ НЕМАМЕ НЕДОРАЗБИРАЊЕ ТУКУ ОДЛИЧНО СОРАБОТУВАМЕ!!

Градоначалникот на Кавадарци, денес преку соопштение се огради од нападите кон ФФМ изнесени од страна на навивачите на Тиквеш. Јанчев во својата објава ја истакна соработката со ФФМ и Масар Омерагиќ

СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТА

Како градоначалник на општина Кавадарци која е доминантен сопственик на ГФК ТИКВЕШ, во изминатите години клубот го водиме кон успех кој се издвојува преку влегувањето во првата македонска лига, опстанок во истата, излегувањето во европската лига, како и враќањето на спортскиот фудбалски дух во нашето Кавадарци.
Како градоначалник и доминантен сопственик на клубот се оградувам и најостро го осудувам нападот кон ФФМ и најодговорно и професионално тврдам дека ниту една политичка партија ниту пак функционер досега нема никакво влијание во работењето на ФФМ и спортските клубови, односно ГФК ТИКВЕШ 1930 Кавадарци.
Помеѓу ФФМ, ГФК ТИКВЕШ и Митко Јанчев има одлични релации и соработка како во професионалниот дел така и во подигање на спортската култура во градот и младинските категории. Досега заедно со претседателот на ФФМ г-динот Масер Омерагиќ не сме имале никакви недоразбирања туку секогаш сме дејствувале исклучиво во интерес на фудбалот.
Се оградуваме и ги осудуваме сите навреди упатени кон ФФМ и кон клубот, од страна на поединци кои што се дел од фудбалските клубови во првата македонска фудбалска лига. Како доминантен сопственик заедно со останатите акционери ќе ја разгледаме потребата и можноста за промени како во стручниот штаб така и во самата управа на клубот.
Познати по нашата спортска транспарентност, квалитет и успешност пред се пред својата кавадаречка публика претставувајќи ги боите на ГФК ТИКВЕШ ќе продолжиме со крената глава кон нови спортски успеси, чесно и поштено!

Со почит,
Митко Јанчев градоначалник на општина Кавадарци

Читај Претходна

ВАНЧЕ ШИКОВ ПОВЕЌЕ НЕ Е ДЕЛ ОД СТРУЧНИОТ ШТАБ НА А-ТИМОТ

Читај Следна

ДЕНЕС РОДЕНДЕН СЛАВИ ЛЕГЕНДАРНИОТ БО МЕКЕЈЛЕБ