МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Младиот , 16 годишен Филип Цветковски имаше фантастично деби за првиот тим на Вардар во првото коло од пролетната полусезона против Арсими.
Цветковски ги оправда очекувањата на стручниот штаб и доби договор од „црвено-црните“ до 2029 година.
Откритието на ФК Вардар младиот супер талент Филип Цветковски, денеска во просториите на клубот потпиша тригодишен договор со најтрофејниот клуб во Македонија, ФК Вардар. Филип е роден на 4ти август 2009 година, и со своите 16 години веќе дебитираше за првиот тим на ФК Вардар во првиот натпревар од вториот дел на првенството на 1ПМФЛ, каде и ги оправда очекувањата на стручниот штаб и управата на ФК Вардар.
ФК Вардар сите свои расположливи ресурси и знаења ќе ги вложи во овој млад фудбалер, со цел да се развие во голем играч кој во иднина ќе постигнува врвни рерзултати на фудбалските терени. Неговото време допрва доаѓа.

