МИЛЕНКОСКИ: УКРАИНА Е ТОП 10 ВО СВЕТОТ, НИЕ ЌЕ ПРОБАМЕ ДА ЈА ИГРАМЕ НАШАТА ИГРА
Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ фуриозно го започна овогодинешното учество на Австралија Опен.
Ѓоковиќ на премиерата во Австралија славеше против Шпанецот Педро Мартинез 3-0 во сетови (6-3, 6-2, 6-2). Натпреварот во „Лојд Лајвер арена“ траеше нешто повеќе од 2 часа.
Триумфот му донесе на Ѓоковиќ редок јубилеј, откако стана првиот тенисер со 100 победи на Австралијан опен, грен-слем турнирот на кој има изградено вистинска доминација со рекордни десет титули.
Во второто коло, Србинот ќе ги одмери силите со Италијанецот, Франческо Маестрели.

