Vinkmag ad

МОРАВМЕ И МОЖЕВМЕ ПОВЕЌЕ ПРОТИВ РОМАНИЈА

Македонската ракометна репрезентација го заврши настапот на Европското првенство со тесна победа против Романија (24:23). Со оглед на силната група, резултатски можеме и мораме да бидеме задоволни – целта е исполнета: обезбедивме трето место и ќе играме  еден бараж за Светското првенство на кој ќе бидеме во привилегирана позиција.

Сепак, останува мала горчина. Македонија МОРАШЕ и МОЖЕШЕ да стигне до поубедлива победа против Романија. Натпреварот започна фантастично – во првите десет минути противникот не успеваше да постигне гол, водевме 4-0 и 5-1, и се отвори можност за убедлива победа. Но потоа се појавија проблеми, особено во нападот, а немавме ниту потребна поддршка од голманот Митревски.

На полувреме заминавме со +4, и надежите за убедлива победа сè уште постоеја.

Во второто полувреме, сепак, одигравме многу лошо во нападот – офанзивата делуваше безидејно, ја немавме потребнат поддршка од десните бекови, а креацијата од средните бекови, Митев и Ѓорѓиев, не беше на потребното ниво. И порај тоа, на стартот од вториот дел Костески имаше контра за +6, но шутираше во стативата… Десното крило денес даде гол за победа, беше херој, но е далеку од препознатливата форма, која ќе мора да ја врати што е можно поскоро.

Проблемите во нападот се должат и на тоа што Марко Митев не е во полн ритам по тешката повреда од пред некое време

Денес, не функционираше ниту транзицијата со која моравме денес да доминираме – мораше да им трчаме позади грб на спорите Романци, наместо постојано да играме позиционен напад за кој немавме решение.

Немавме ниту сигурна реализација. Многу промашени зицери, особено од пикерската позиција, на која на ова првенство недосташуваше Милан Лазаревски.

Македонија на овој шампионат покажа многу позитивни работи, но и работи кои мораме да ги коригираме за да го направиме тој чекор повеќе.

 

Читај Претходна

ТОМОВСКИ: СРЕЌНИ СМЕ ЗА ПОБЕДАТА, НО ЗНАЕМЕ ДЕКА МОЖЕВМЕ ПОВЕЌЕ…

Читај Следна

БРУКА: ДАНЦИТЕ ДОЗВОЛИЈА ГРК ДА ЈА ПРОВОЦИРА МАКЕДОНСКАТА ФАЛАНГА