МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Српскиот ракометен стручњак Александар Радосављевиќ е назначен за нов тренер на суперлигашот МРК Куманово, со договор на две години.
Радосављевиќ доаѓа по ангажманот во РК Леотар и има богата тренерска кариера во машкиот и женскиот ракомет. Тој ги водел екипите на МРК Горажде, МРК Врање, МРК Металац Краљево, МРК Зајечар и МРК Железничар, како и женските тимови ЖРК Напредак, ЖРК Бамби Пожаревац, ЖРК Металац и грчкиот Орми Патрас. Исто така, има значајни репрезентативни ангажмани како селектор на женската јуниорска репрезентација на Србија и Црна Гора, машката кадетска репрезентација на Србија и машката сениорска селекција на Босна и Херцеговина.
Тој е третиот тренер на Куманово оваа сезона, по Аце Станковски и Љубиша Димковски. По 18 кола, МРК Куманово е на десеттото место со седум бода, а Радосављевиќ ќе дебитира во дуелот со лидерот Вардар 1961 закажан во февруари.

