МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски, ја започна новата 2026 година со одличен резултат на традиционалната новогодишна улична трка „Сан Силвестре“ во Мадрид, Шпанија.
Ивановски, член на Атлетскиот клуб „Скопски Маратон“, истрча 10 километри за 29:00 минути, поставувајќи нов македонски рекорд и подобрувајќи го својот претходен од 29:56 минути од 2024 година во Гевгелија.
Во силна конкуренција, тој го освои 17. место, додека победата ја однесе Џефри Камворор од Кенија со 27:41 минути.

