Vinkmag ad

ОХРИД ДОМИНАНТЕН ПРОТИВ ДУКЛА ПРАГА

Ракометарите на Охрид направија огромен чекор кон четвртфиналето во Европскиот куп, откако на домашен терен убедливо ја совладаа Дукла Прага со 30-21 во првиот осминафинален натпревар.

Домашниот состав отвори фуриозно и уште од самиот старт наметна силно темпо. Со цврста одбрана и ефикасен напад, „сино-белите“ поведоа со неверојатни 8-0, оставајќи ги гостите без решение во раната фаза од мечот. До крајот на првото полувреме Охрид ја контролираше играта и на пауза замина со сигурна предност од 16-9.

Во вториот дел разликата дополнително растеше, а во еден момент домашниот тим имаше и плус 13. Иако во завршницата дојде до мало опуштање, па гостите успеаја да ја ублажат негативата, победата ниту во еден момент не беше доведена во прашање.

Најефикасен во редовите на Охрид беше Џукиќ со осум погодоци, додека Иванковиќ додаде седум. Кај Дукла Прага најрасположени беа Војтела, Дуда и Брезина, кои постигнаа по седум гола.

Со ваква залиха пред реваншот, Охрид е многу блиску до пласман меѓу осумте најдобри во натпреварувањето.

Читај Претходна

МАКЕДОНИЈА (У-16) БРОЕШЕ ДО ПЕТ ПРОТИВ МАЛТА

Читај Следна

ФАНТАСТИЧНИОТ ДОМЕН ПРЕВЦ СТИГНА ДО ОЛИМПИСКО ЗЛАТО