МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Вчера Македонија доби нов селектор, Гоце Седлоски, што предизвика голем интерес, особено по коментарите на поранешниот селектор Игор Ангеловски – Мрме, кои ги сподели преку социјалните мрежи.
На денешниот брифинг со новинарите, претседателот на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, истакна:
„Имавме убава презентација на новиот селектор со порака за обединување. Човечки, културно и спортски е да се даде поддршка за избраниот. Кога се бира, има повеќе опции, но се избира една. Ангеловски некои свои лични амбиции ги стави пред интересот на репрезентацијата. Би сакал јавно да каже кои се тие лични интереси. Јас немам такви, работам про-боно. Беше крајно некоректно веднаш да реагира, можеше да почека. Тоа кажува многу за него. Му посакувам добро здравје и да продолжи да ги развива своите тренерски способности, бидејќи неговите последни ангажмани траеја пократко од рокот на јогурт во супермаркет. Јас лично се јавив двапати, за да му укажам дека е еден од кандидатите. Од таа причина го информирав дека разгледуваме меѓу него и Седлоски, но се одлучивме за новата енергија. Буквално, по таков напад мораше да се даде и другата страна. Тој ни одговори дека би работел повторно во федерацијата и дека ќе ја поддржи нашата одлука и тоа јавно. Тоа е неговото мислење, но не е во прв план“, нагласи Омерагиќ.

