МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Кружниот напаѓач на Македонија и еден од поискуните во тимот, Жарко Пешевски го потенцираше напредокот на оваа генерација во сите сегменти од играта и истака дека сме спремни за нешто повеќе и добар резултат
„Оваа селекција покажува дека оди во вистинска насока и дека гради поинаков идентитет на игра. Делуваме организирано, трчаме дисциплинирано, правиме малку технички грешки и јасно знаеме каде и како да напаѓаме. Токму тој пристап може да ни донесе предност и да им создаде сериозни проблеми на противниците, особено на Романија.
Кај Романците не гледам некаква голема промена од периодот на подготовките до денес, освен тоа што во меѓувреме играа против поквалитетни ривали. Затоа верувам дека натпреварот ќе го решат нијанси и детали, а победник ќе биде тимот што ќе остане посмирен во клучните моменти.
Покажавме дека играме рационално и знаеме да се вратиме и по периоди кога противниците нè казнуваат и влегуваме во таканаречена „црна дупка“. Тимот изгледа стабилно, со добар баланс меѓу млади, енергични ракометари и искусни играчи кои ја водат играта со јасна стратегија. Сè тоа ми дава чувство дека сме на добар пат и дека оваа репрезентација може да изгради нешто поголемо.“

