Vinkmag ad

ПО 10 ГОДИНИ ВАРДАР ГО ОСВОИ КРАТОВО, БРЕРА ЈА РАСПЛАКА ШКЕНДИЈА ВО ПОСЛЕДНИТЕ СЕКУНДИ

Вардар славеше на незгодното гостувањето во Кратово кај Силекс со минимални 0-1. Србинот Цветковиќ го скрши отпорот на домаќинот, кој речиси цел натпревар играше со играч помалце, откако Дарко Додев во 26 минута доби втор жолт картон.

Брера и откина победа на Шкендија во последните секунди од натпреварот. Имран Фетаи доби директен црвен картон во 16 минута, Ендрит Красниќи погоди за тетовчани во 33 минута, Брера се обидуваше и успеа да израмни во последните секунди од натпреварот.

Со утрешниот меч помеѓу Работнички и Арсими ќе заврши вториот круг на натпревари, а од следното коло стартува последниот – трет круг.

Тоа што е познато, ВАРДАР и ШКЕНДИЈА ќе се соочат во последното 33.коло, а акуелниот лидер ќе ја има предноста на домашниот терен.

Читај Претходна

МЕКИЌ ЌЕ ИГРА ВО АБА ЛИГАТА – СЕ ВРАТИ ВО СВОЈОТ ПОРАНЕШЕН КЛУБ

Читај Следна

ПРОБЛЕМИ ЗА ПЕЛИСТЕР – ТАЈНИК ОПЕРИРАН ВО БИТОЛА