ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Тоа е пораката која ја пренесува шпанскиот весник „АС“, нагласувајќи дека македонскиот репрезентативен голман се наоѓа на радарот на неколку европски клубови кои внимателно ја следат неговата ситуација во Валенсија.
Според „АС“, Клуб Бриж, Џенова и Борнмут се екипите кои со зголемено внимание го следат развојот на настаните и чекаат сигнал дали Столе Димитриевски ќе ја напушти Валенсија во јануарскиот преоден рок.
Македонскиот чувар на мрежата вчера го прослави својот 32. роденден, а покрај бројните честитки, на неговиот телефон пристигнуваат и конкретни интереси од клубови кои би сакале да го видат во своите редови.

Јасно е дека Димитриевски нема реална шанса да го преземе местото на Хулен Агирезабала меѓу стативите на Валенсија, па заминувањето од „Местаља“ се наметнува како логичен чекор, особено ако се земе предвид начинот на кој клубот се однесуваше кон него. Искрените изјави кои голманот неодамна ги даде во Македонија дополнително можат да влијаат врз неговата конечна одлука за разделба.
Од потенцијалните дестинации, Борнмут се издвојува како најпримамлива опција, бидејќи би значело настап во Премиер лигата. Атрактивна алтернатива е и Џенова, клуб со богата традиција во Серија А и поранешен тим на Горан Пандев. Третата можност е Клуб Бриж, каде би имал помала медиумска експонираност, но станува збор за клуб со редовни настапи во Лигата на шампионите.

