Во стручниот тим како асистенти на Седлоски ќе работат Борче Христов – шеф на стручниот штаб на ФК Тиквеш и директор на Центар за едукација, Ерхан Селими – досегашен селектор на Македонија до 19 години, како и Зоран Бошковски – Чоко, наш легендарен голгетер и стрелец на првиот гол во историјата на македонската репрезентација.
Дел од стручниот штаб ќе биде и поранешниот репрезентативен дефанзивец Ванче Шиков, кој зад себе има 58 настапи за Македонија, додека за тренер на голмани е именуван Гого Јовчев.
Како видео-аналитичар на А репрезентацијата е ангажиран Мартин Христов, а селекторот Гоце Седлоски дополнително ќе го соопшти името на кондицискиот тренер кој ќе му се приклучи на стручниот тим.

