Vinkmag ad

ПРЕСВРТ ПОБЕДА НА ЈУЖНА КОРЕА ПРОТИВ ЧЕШКА (ВИДЕО)

Јужна Кореја со голем пресврт стигна до победа од 2-1 против Чешка во првото коло од Светското првенство, освојувајќи ги првите три бода во групата А.

Азиската селекција беше подобар ривал во поголемиот дел од натпреварот и создаде повеќе опасни ситуации уште во првото полувреме. Најдобрата можност ја имаше Сон Хеунг-Мин, но не успеа да ја затресе мрежата на Чесите.

Иако Јужна Кореја напаѓаше, Чешка прва стигна до водство. Во 59. минута Владимир Цоуфал центрираше прецизно, а Ладислав Крејчи со удар со глава погоди за 1-0.

Радоста на европската репрезентација траеше кратко. Само осум минути подоцна, Хванг Ин-Беом постигна вистински еврогол со мајсторски лоб удар и го израмни резултатот на 1-1.

Драмата кулминираше во 77. минута кога Томаш Соучек ја затресе мрежата на Јужна Кореја, но по ВАР-проверка голот беше поништен поради офсајд.

Казната за пропуштената шанса стигна веднаш. Во следниот напад резервистот Хион-Гуи најдобро се снајде во шеснаесетникот и погоди за целосен пресврт и водство од 2-1, резултат кој остана до самиот крај.

Со овој натпревар беше комплетирано првото коло во групата А, каде што и Мексико и Јужна Кореја стартуваа со победи.

Во следната рунда следува директен дуел меѓу Мексико и Јужна Кореја, додека Чешка и Јужна Африка ќе се обидат да ги освојат првите бодови на шампионатот.

Читај Претходна

НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА НА РАУЛ ХИМЕНЕЗ

Читај Следна

СЕЈДИНИ И ЕКИПАТА ПРОНЕВЕРИЛЕ 180.000.000 ДЕНАРИ ⁉️