(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Медиумите во Шкотска најавуваат дека Роџерс Матоуш е пред договор со Хартс и дека трансферот би можел да се реализира уште во јануарскиот преоден рок. Доколку зделката се комплетира, тоа ќе биде позитивна вест за Вардар, кој ќе обезбеди отштета и нема да дозволи фудбалерот да ја напушти „црвено-црната“ екипа без финансиски надомест на лето.
Роџерс Мато одигра фантастична сезона во дресот на Вардар и со 15 голови на 17 настапи во сите натпреварувања го привлече вниманието на неколку странски клубови. Најконкретен беше Хартс, со кој крилниот напаѓач уште претходно постигна договор за преселба во Шкотска по завршувањето на сезоната, што тогаш беше и официјално потврдено.
Сепак, во меѓувреме се отвори ново поглавје. Вардар доби понуда од Спортинг Канзас Сити со цел трансферот да се реализира уште во јануарскиот преоден рок и клубот веднаш да инкасира средства, но конечната одлука остана во рацете на самиот фудбалер.
По сите превирања, ситуацијата доби разрешница која им оди во прилог на сите вклучени страни. Според шкотските медиуми, Хартс решил да плати отштета (чија висина не е објавена) за веднаш да го доведе Мато во своите редови, а Вардар на тој начин ќе избегне да го загуби еден од своите најважни играчи без надомест.

