Vinkmag ad

РАБОТНИЧКИ: СЕ ЗАЛАГАМЕ ЗА ЧИСТ ФУДБАЛ

По скандалозниот пријателски натпревар помеѓу Охрид и Работнички (8:2), се огласија од клубот од Градски Парк


Соопштението ви го пренесуваме во целост:

Фудбалскиот клуб Работнички како клуб со интегритет и традиција апсолутно секогаш е во заложба за максимално спортска и витешка игра на фудбалските терени, и ќе продолжи да го прави тоа чесно и со единствена намера за почитување на фер-плеј и негување на вистинските спортски вредности.

Клубот ја информира јавноста дека на било каков начин не е вклучен во инсинуациите и можните обиди за задкулисни игри околу резултатот на пријателскиот натпревар против Охрид Лихнидос.

ФК Работнички има единствена цел што е можно подобро да го подготви тимот за вториот дел од сезоната и во таа насока и со чисто спортски намери го одигра натпреварот.

Клубот секогаш ќе вложува максимални напори за чист фудбал и за респект кон противниците и кон натпреварувањето и во таа насока апсолутно стоиме на располагање на Фудбалската федерација на Македонија за било каква помош и соработка.

Фудбалски клуб Работнички велат од Работнички.

Читај Претходна

БРУКА: ДАЛИ НАТПРЕВАРОТ РАБОТНИЧКИ – ОХРИД Е НАМЕСТЕН ❓

Читај Следна

МАСАР ОМЕРАГИЌ ГО ПОСЕТИ ФК ТИКВЕШ ВО АНТАЛИЈА