Македонскиот репрезентативец и член на швајцарскиот тим Тун, Елмин Растодер, продолжува во голгетерски ритам, нови два гола и победа на Тун во борбата за титула.
Тун запиша убедлива победа 4:1 на домашен терен против Јанг Бојс.
Растодер беше најдобар поединец во вториот дел и со головите во 62. и 84. минута беше најзаслужен за големиот триумф.
Со овие два гола Растодер дојде до бројката од седум погодоци и 4 асистенции а Тун е лидер во првенството на Швајцарија со 46 освоени бодови.

