МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Реал Сосиедад и Атлетико Мадрид одиграа возбудлив меч кој заврши без победник, 1-1. Со овој резултат, Атлетико продолжува да дели бодови и полека се оттргнува од битката за титулата со лидерите Барселона и Реал Мадрид.
Во првиот дел Атлетико имаше среќа, особено кога во финишот си постигна автогол преку Сорлот, кој подоцна беше поништен поради офсајд.
Атлетико прв поведе во 50. минута со голот на Сорлот, асистиран од Џовани Симеоне. Радоста на гостите траеше само пет минути, откако Гуедеш израмни за домаќините.
До самиот крај, мечот беше неизвесен. Реал Сосиедад имаше неколку опасни шанси, но Облак одлично реагираше. Во финишот, Гризман имаше можност да ги донесе трите бода на Атлетико, но неговиот удар го одбрани Ремиро. На крајот, Солер имаше прекрасна шанса во последните секунди, но топката помина покрај дирекот.

