ФФМ СО ЧЕСТИТКА ДО РАКОМЕТАРИТЕ: КОГА ПОБЕДУВА МАКЕДОНИЈА – ПОБЕДУВАМЕ СИТЕ
„Во оваа прилика јавно ѝ честитам на Босна за пласманот на Светското првенство и за феноменалните натпревари во баражот, пред сè елиминацијата на четирикратниот светски шампион Италија. Токму поради тоа велам дека е сосема можно да изненадите на претстојниот Мундијал во САД, Канада и Мексико. Затоа што кој ќе ја победи Италија, може да победи секого и на Светското првенство“, изјави Седлоски, па се осврна и на натпреварот на нашиот најголем стадион каде што Македонците ќе ги пречекаат околу 35.000 навивачи на Босна и Херцеговина.
„Ќе биде спектакл. И треба да биде, бидејќи одите на Светско првенство. Сепак, во Сараево доаѓаме да се покажеме во најдобро светло, да одиграме што е можно подобро. Публиката да ужива во добар натпревар. Ќе играме против силен противник, но исто така сметам дека имаме квалитет и дека можеме да ѝ парираме на Босна и Херцеговина.“
Македонскиот селектор нагласува дека дуелот БиХ-Македонија е „пријателски натпревар меѓу пријателски земји“.
„На Светското првенство ќе навиваме за сите наши балкански репрезентации. Искрено се надевам дека моите зборови од разговорот со вас ќе добијат посебна тежина по Мундијалот и дека ќе бидам во право кога е во прашање настапот на Босна и Херцеговина. Ви посакуваме сè најдобро, но не кријам дека на Кошево сакаме да уживаме. Сакаме да ве победиме“, низ смеа изјави Седлоски.
За групата на Босна и Херцеговина на СП, во која ќе се соочат со домаќинот Канада, Швајцарија и Катар, истакна:
„Нема лесни противници, особено во репрезентативниот фудбал. Верувам дека Босна ќе помине понатаму, но исто така сум убеден дека нема да ви биде лесно ниту на еден натпревар. Имате добра репрезентација. Тим составен од одлични млади играчи, но и искусни фудбалери. Имате на што да се надевате на Мундијалот, но и по претстојното Светско првенство.“

