ЈАНИК СИНЕР Е ПОБЕДНИК НА МАСТЕРСОТ ВО МОНТЕ КАРЛО И ОД УТРЕ Е ПРВ ТЕНИСЕР НА СВЕТОТ!!
Пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) стартуваше со дерби победа на Шкендија против Струга (2:0) и убедлив триумф на Тиквеш против Шкупи (0:6).
Дербито во Тетово беше израмнето до 79 минута, кога Себастијан Спахиу се најде на вистинското место во вистинско времеи ја смести топката зад грбот на Ангелети. Дуелот го реши Нзенгуе кој ги постави конечните 2:0.
Дуелот во Кавадарци, на кој формално домаќин беше Шкупи, беше чиста формалност. Тимот од Скопје настапи со 9 тинејџери и сосема очекувано беше убедливо поразен.
Со победата Шкендија се доближи на 2 бода од Струга и на 3 бода од Вардар (Вардар има натпревар помалку). Тиквеш со победата дојде до седмата позиција.

