Рубин Стефанов, син на легандарниот македонски кошаркар, Врбица Стефанов, вториот дел од сезоната ќе го помине во дресот на суперлигашот, КК Ангели. Стефанов доаѓа во Ангели по двегодишен престој во Италија во тимот на Ланчано, каде настапуваше во У19 тимот, а повремено играше и во трета лига за првиот тим.
Рубин важеше за голем кошаркарски потенцијал и му се предвидуваше голема кариера но засега не се движи во тој смер. Останува да видиме дали токму во КК Ангели ќе успее да го достигне својот потенцијал.

