Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ашковски сезоната ќе ја доигра во Иран, каде што ќе го носи дресот на клубот Мес Рафсанџан.
Според информациите на „МакСпорт“, во договорот на Ашковски постои опција за продолжување на соработката за уште една сезона.
Ова ќе биде нов предизвик за Ашковски, кој сезонава настапуваше за Раднички Ниш, а во својата богата интернационална кариера играше во македонското, српското, холандското, полското, бугарското, романското, грчкото, кипарското, турското, норвешкото и ерменското првенство. Со трансферот во Мес Рафсанџан, искусниот дефанзивец за првпат ќе има можност да ги прикаже своите квалитети и на иранското, односно азиското фудбалско првенство.


