Македонската „единица“, Столе Димитриевски имаше фантастичен настап на дуелот против Севиља, кој Валенсија го доби со 0-2. Димитриевски беше помеѓу најдобрите поединци на теренот, имаше „чиста“ мрежа, но сепак вниманието најмногу го привлече со една супер интервенција, која слободно може да се карактеризира како – одбрана на сезоната.
✈️ @Dimitrievski1 #LaLigaHighlights#SevillaValencia
— Valencia CF (@valenciacf) March 21, 2026

