МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Американскиот центар Тајрик Џонс утринава официјално ја прекина соработката со Партизан и стана нов играч на Олимпијакос.
Грчкиот клуб веќе го претстави кошаркарот како свој нов член и се очекува тој да дебитира на утрешниот натпревар против Фенербахче во Истанбул. Со Олимпијакос, Џонс потпиша договор на 2,5 години и дополнително ќе ја засили центарската линија.
Партизан од него се очекува да добие 500 илјади евра што и не е лошо ако се знае дека Американецот беше проблематичен и одговорен за лошата атмосфера во екипата последните месеци

