Vinkmag ad

ТИКВЕШ СО ФАНТОМСКИ ФУДБАЛЕРИ ИГРАЛ ВО МЛАДИНСКАТА ЛИГА

Фудбалскиот клуб Тиквеш повторно се најде во центарот на контроверзии по нов инцидент во Младинската лига, каде натпреварот против Скопје беше прекинат на полувреме при резултат 0-2 за гостите од Кавадарци.

Сомнежите се појавиле за време на паузата, кога домашниот тим побарал вонредна проверка на идентитетот на играчите од Тиквеш. При извршената контрола биле утврдени сериозни неправилности во составот на гостинската екипа.

Според записникот на главниот судија, четворица фудбалери настапиле со податоци кои не се совпаѓале со оние во официјалниот записник, односно биле наведени под различни или невалидни идентитети. Дополнително, уште двајца играчи настапиле без соодветни спортски легитимации.

Во текот на проверката, дел од фудбалерите не можеле да ги потврдат своите податоци, при што се појавиле и несогласувања околу нивниот вистински идентитет. Сето ова дополнително ја засилило ситуацијата на теренот.

По утврдените неправилности, гостинската екипа се повлекла во соблекувалната и одбила да го продолжи натпреварот, кој останал прекинат на полувреме.

„Забелешка и потпис на главен судија: На натпреварот од 23 коло во супер младинска лига помеѓу екипите на ФК СКОПЈЕ и ФК ТИКВЕШ, по барање на домашната екипа на полувремето да се изврши идентификација на играчите од гостинската екипа, од моја страна беше истата идентификација извршена во присуство на претставникот на гостинската екипа Димитриев Трајче кој ја водеше екипата, претставник на домашната екипа Стојановски Драган и судиската екипа. Констатирано е следното: На местото од голманот во записник под број 1 ПЕТРЕСКИ ИЛИЈА со комет број 142611. На местото од голманот во записник под број 14 СТОЈАНОВ РИСТЕ со комет број 141748. На местото од голманот во записник под број 15 САМАРЏИЕВ МАРИО со комет број 139346. На местото од голманот во записник под број 82 ШОПОВ СТЕФАН со комет број 101457. Играа сосема други играчи кои не ги знаеа податоците од спортските легитимации и самите признаа и си ги кажаа вистинските имиња. Играа и двајца играчи без спортски легитимации: Трајков Христијан и Гуцинов Марко од гостинската екипа која не ги достави спортските легитимации пред натпреварот. По ова гостинската екипа се повлече во соблекувалната и не сакаше да го продолжи натпреварот кој на полувреме беше со резултат 0-2 за гостинската екипа. Во прилог записник од натпреварот и одземените спортски легитимации за кои беше утврдено неправилен настап на играчи. На натпреварот беше присутен доктор, Јордан Манасиевски“, стои во записникот на главниот судија.

Читај Претходна

СУСПЕНДИРАН СТАДИОНОТ „БАШКИМИ“ – ПОКРЕНАТА ДИСЦИПЛИНСКА ПОСТАПКА ПО ИНЦИДЕНТОТ НА МЕЧОТ СО СТРУГА ТРИМ ЛУМ