Vinkmag ad

УАПСЕН МУАМЕД СЕЈДИНИ

Поранешниот претседател на Фудбалската федерација на МакедонијаМуамед Сејдини, е уапсен под сомнение за проневера и злоупотреба на службената положба.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, апсењето го извршиле единици за организиран и сериозен криминал во координација со Основното јавно обвинителство Скопје. Во моментов, истрагата е во тек и се преземаат дополнителни дејствија, по што се очекуваат повеќе детали.

– Во рамките на предмет оформен во ОЈО Скопје, полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и одф Одделот за криминалистичка полиција лишија од слобода едно лице поради дејства што упатуваат на сомненија за сторени кривични дела проневера и злоупотреба. Сè уште се преземаат дејства по наредба на јавниот обвинител, а повеќе детали за натамошниот тек на постапката ќе бидат споделени по завршувањето на дејствата кои се во тек – информираат од ЈОРСМ.

Читај Претходна

СВЕТСКОТО УЧИЛИШНО ПРВЕНСТВО И ОФИЦИЈАЛНО ОТВОРЕНО

Читај Следна

КУЗМАНОСКИ: МОРА ДА БИДЕМЕ КОНКРЕТНИ ВО ТЕКОТ НА ЦЕЛИОТ МЕЧ