Vinkmag ad

ВАРДАР ЌЕ УЧЕСТВУВА НА СИЛЕН МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР ВО ХРВАТСКА

Вардар на крајот од јануари го очекува важен меѓународен настап во Хрватска, каде што ќе учествува на четвртото издание на „Labin Handball Cup 2026“ во Лабин. Турнирот ќе се игра на 30 и 31 јануари, а ќе донесе квалитетна конкуренција од регионалниот ракомет.

Полуфиналниот натпревар Вардар ќе го одигра на 30 јануари од 18 часот против словенечкиот тим Слован Љубљана. Во второто полуфинале, закажано за 20:15 часот, ќе се сретнат хрватските екипи Загреб и Сесвете.

Победниците од полуфиналните дуели ќе играат во големото финале на 31 јануари од 20:15 часот, додека поразените тимови истиот ден од 18 часот ќе се борат за третото место.

Овој турнир ќе биде добра можност за Вардар да ја провери моменталната форма и тактичките решенија против силни противници од Словенија и Хрватска, како и шанса стручниот штаб да им овозможи поголема минутажа на сите играчи пред продолжението на сезоната во домашното првенство и европските настапи.

Вардар ќе отпатува во комплетен состав, со исклучок на Николас Боно, кој доби слободно до 1 февруари по настапот за репрезентацијата на Аргентина.

Читај Претходна

СОБРАНИЕ БЕЗ КВОРУМ И ОРГАНИЗАТОРИ, СЕРИОЗЕН ПРОПУСТ ВО ОФС КИЧЕВО

Читај Следна

КОШАРКАРСКИОТ КУП ЌЕ СЕ ИГРА ВО КУМАНОВО