МАКЕДОНИЈА ГИ ДОЗНА ПРОТИВНИЦИТЕ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО – ЌЕ ИГРАМЕ ВО РОМАНИЈА
Вечерва во Германија, РК Вардар го игра последниот натпревар од главната рунда од Лигата на Европа во директна борба за првата позиција против домаќинот Мелсунген.
Избраниците на Иван Чупиќ веќе имаат обезбедено пласман во нокаут фазата и најмалку втора позиција во групата што значи пласман во осминафиналето, но може да стигне и до првата позиција што носи пласман во четвртфиналето.
Македонскиот претставник може да игра и на реми што повторно ќе значи прва позиција. Вардарци ќе имаат голема поддршка од трибините, затоа што македонците од дијаспората, особено оние од Германија се обединуваат. На инстаграм страната Вардарци зад Границите е најавено и собирно место од каде заеднички ќе се упатат кон салата.
Натпреварот почнува во 20:45

