Vinkmag ad

(ВИДЕО) ДЕНОТ КОГА ПЕРО БЛАЖЕВСКИ ГО УРНА ГОЛЕМИОТ РЕАЛ МАДРИД

На денешен ден 1996-та во рамките на Евро Купот, во Скопје кај МЗТ гостуваше европскиот гигант, Реал Мадрид. Натпревар кој засегокаш ќе остане врежан во спомените на сите Аеродромци, но и на сите љубители на кошарката во Македонија, затоа што слободните фрлања на Перо Блажевски приредија сензација, и МЗТ го победи Реал Мадрид.

Кралскиот клуб го водеше најдобриот еврпски стратег Жељко Обрадовиќ кој подоцна стана најтрофеен тренер во евроглигата, а во тимот беше еден од најдобрите европски играчи на сите времиња, сегашниот претседател на Евролигата, Дејан Бодирога.
МЗТ тогаш играше на македонски погон, со Врбица Стефанов, Мирза Куртовиќ, Тони Симиќ, Слободан Петровски, Игор Михајловски, Дејан Димов, Марк Дин, Антони Милевски, Перо Блажевски и Ѓорги Књазев

И токму овие играчи приредија сензација.

Денес, Реал и понатаму е Европски гигант, повеќекратен освојувачна Евролигата, а МЗТ освен во Македонија, не бележи никакви резултати на меѓународно ниво….

Читај Претходна

(ВИДЕО) КАПИТЕНОТ – КАПИТЕНСКИ, МАЈСТОРИЈА НА АЛИОСКИ ВО ПОБЕДАТА НА ЛУГАНО!!!