(ВИДЕО) ЧУРЛИНОВ ГО СРЕДИ ПРОБЛЕМОТ СО ВИЗАТА, ЌЕ БИДЕ ДЕЛ ОД РЕПРЕЗЕНТАЦИЈАТА
Македонскиот интернационалец во Полска, Дарко Чурлинов, кој ги пропушти претходните натпревари од Лигата на Нации поради административни пречки, сега истите се надминати и ќе биде на располагање на селекторот Седлоски.
Седлоски на денешната пресконферанција истакна дека разговарал со Чурлинов, проблемите се надминати, Дарко е во добра форма и ќе биде од голема помош.
На последниот натпревар во полскиот шампионат Дарко Чурлинов се запиша во листата стрелци, што е негов четврти погодок оваа сезона

