Vinkmag ad

(ВИДЕО) ЌЕ ВИ СЕ НАСОЛЗАТ ОЧИТЕ – 9 ГОДИШНО ДЕТЕ ОД СРБИЈА ЗЛАТНИОТ МЕДАЛ ГО ПОСВЕТИ НА ПОЧИНАТАТА МАЈКА

Момчето Богдан Обрадовиќ (9) стана европски шампион во натпреварот на најдобрите аматерски борци во Европа, организиран од ADCC и националната селекција, на првенството одржано во Белград.

Младиот херој, момчето кое покажа што значи спорт и како некој толку млад веќе може да биде инспирација за многумина, ја посвети победата на својата мајка, која почина на 30 декември 2025 година. Тој се бореше со нејзиниот лик на маица и ја воодушеви цела Србија и целиот спортски свет. На неговата маица пишуваше ,,Mајкин син” По примањето на медалот, Богдан го крена прстот кон небото, посветувајќи ја победата на починатата мајка

По повод овој успех, се огласи и градот Лозница, од каде што потекнува  малио херој Богдан Обрадовиќ.

– Градот Лозница гордо и искрено му честита на Богдан Обрадовиќ за освојувањето на златниот медал на Европското првенство организирано од ADCC и националните здруженија, одржано во Белград.

Во натпреварот на најдобрите аматерски борци во Европа, Богдан покажа исклучителна техничка подготвеност, ментална сила и шампионски карактер, освојувајќи ја титулата европски шампион и претставувајќи ја Лозница на најубав начин.

На неговиот успех му дава посебна сила фактот што златниот медал го посвети на својата мајка, Наташа, која почина на 30 декември 2025 година. Борејќи се со нејзиниот лик на маицата, тој покажа колку љубовта, упорноста и верата се движечката сила зад секој одличен резултат.

Симболично, денот по освојувањето на европското злато, Богдан денес го слави својот деветти роденден. Иако има само девет години, тој веќе има две години посветена работа и тренинг во Академијата за боречки вештини Лозница, каде што израсна во вистински мал шампион.

Градот Лозница му посакува многу здравје, радост и нови спортски успеси, со верување дека ова е само почеток на една голема спортска приказна – се вели во соопштението.

Ретко кој успеа да остане рамнодушен и да не се расплаче. Вистински јунак, роден шампион

Читај Претходна

СТАДИОНИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА ЌЕ ДОБИЈАТ НОВИ СТОЛЧИЊА

Читај Следна

ЈАНА АТАНАСОВСКА И ВО ВТОРИОТ НАСТАП – НЕ ЈА ЗАВРШИ ТРКАТА НА ЗОИ