Vinkmag ad

ВОНРЕДНА СЕДНИЦА НА ДИСЦИПЛИНСКАТА КОМИСИЈА НА ФФМ – ВАРДАР КАЗНЕТ ЗА НАЦИОНАЛИСТИЧКИ СКАНДИРАЊА

Фото: sport1.mk

На вонредна седница на Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, донесени се следните одлуки:

– Поради слаба организација на натпреварот ФК ВАРДАР – ФК БАШКИМИ, навредливо и националистичко скандирање од страна на навивачката група на ФК Вардар и користење на недозволени пиротехнички средства, клубот ФК ВАРДАР се казнува со забрана на присуство на публика на еден натпревар и парична казна во износ од 5.000 евра.

Дисциплинската комисија констатира дека одлуката на делегатот на натпреварот за изрекување опомена поради националистички скандирања е исправна, како и одлуката на судијата за привремен прекин на натпреварот.

– Дисциплинската комисија отвора постапка против делегатот на натпреварот ФК ШКЕНДИЈА Арачиново – ФК ПРЕСПА поради недоставување на релевантни факти во врска со ситуацијата околу поставувањето на државното знаме на стадионот, како и други околности поврзани со организацијата и текот на натпреварот, односно присуство на неслужбени лица на теренот за време на натпреварот.

Дисциплинската комисија ќе постапува согласно важечките прописи и по целосно утврдување на фактичката состојба ќе донесе соодветна одлука.

Читај Претходна

МАКЕДОНИЈА (У-17) СО ДВЕ ПРИЈАТЕЛСКИ ПРОТИВ ГРУЗИЈА

Читај Следна

ЖОЗЕП МАРИА БЕРОКАЛ: „ПРИВИЛЕГИЈА Е ДА БИДАМ СЕЛЕКТОР НА МАКЕДОНИЈА