Vinkmag ad

ЗАПОЗНАЈТЕ ГО СТЕФАН БЕЛИО (БЕЛЕВСКИ), МАКЕДОНЕЦ ОД САД KОЈ ИМА СВОЈ СОН – ДА ИГРА ЗА МАКЕДОНИЈА

Преку Атлантикот, во Соединетите Американски Држави, чекори уште еден млад македонски фудбалски талент кој не ја крие својата поврзаност со татковината и има јасен сон, да игра во националниот дрес.

16-годишниот Стефан Белио (Белевски) е роден на 30 јули 2009 година во Форт Вејн, Индијана, а покрај американското, поседува и македонско државјанство.
Со висина од 178 сантиметри, Стефан е модерен и физички подготвен фудбалер, кој се издвојува со дисциплина, тркачки капацитет и фудбалска интелигенција.
Неговиот матичен клуб е Fort Wayne United FC (U17). Изминатиот викенд, неговиот тим учествуваше на силниот турнир во Меса, Аризона, во рамки на USYS National League.
Fort Wayne United е дел од National Academy League (NAL), а U17 селекцијата во моментов е второрангирана во државата Индијана – силен показател за квалитетот на средината во која се развива Стефан.

Покрај клупските настапи, Стефан е втора година средно образование и настапува за Carroll High School, едно од најреномираните фудбалски училишта во Индијана, кое се натпреварува во IHSAA Class 3A.

🔄 Позиции:
Стефан е исклучително флексибилен играч – настапува како left/right wingback/fullback, а многу често е користен и како left/right winger, што говори за неговата офанзивна ориентација и довербата што ја добива од тренерите.

📊 Статистика:
🎯 Точност на додавање: 88%
🅰️ Асистенции: 13
⚽ Голови: 4

Особено значаен е фактот што секое лето, Стефан доаѓа во Македонија и работи со прославениот македонски фудбалер Зоран Бошковски – Чоко што значително му помага во неговиот развој.
Желбата на Стефан е јасна – да напредува, да се докаже и еден ден да ја претставува Македонија.

Ваквите приказни заслужуваат внимание, следење и поддршка, затоа што македонскиот фудбалски потенцијал живее и расте насекаде низ светот, а и покрај далечината љубовта кон Македонија расте и се развивa

Читај Претходна

ЕХФ ПРАШУВА: ДАЛИ ИЗДАНИЕТО НА КУЗМАНОВСКИ ПРОТИВ ПОРТУГАЛИЈА Е НАЈДОБРОТО ВО ИСТОРИЈАТА? (ВИДЕО)

Читај Следна

АНА ЦВЕТАНОВСКА СТИГНА НА ЦЕЛТА НА ОЛИМПИСКИТЕ ИГРИ