(ВИДЕО) AЛИОСКИ ПО ПОБЕДНИЧКИОТ ПОГОДОК: СРЕЌЕН СУМ ШТО СЕ ВРАТИВ НА ТЕРЕНОТ НА ВАКОВ НАЧИН
Патувањето кон Копенхаген започна со чувство дека Македонија стои пред два натпревари кои можат да ја променат спортската историја на оваа земја.
Возбудата е голема, но заедно со неа доаѓаат и прашањата што не нè напуштаат – дали можеме? Многу сме блиску, а сепак доволно далеку. Тешко е, но не и невозможно.
Токму со тие мисли пристигнуваме во Копенхаген – градот каде што ќе се решава оваа приказна.
Копенхаген остава силен впечаток уште на прв поглед. Мирен, уреден и модерен град во кој сè функционира беспрекорно. Велосипеди на секој чекор, луѓе што се движат без брзање, чисти улици и чувство на ред што се забележува во секој детал. Во скандинавската земја каде што сè изгледа совршено, понекогаш недостига токму она малку несовршеност што ја прави приказната вистинска. А можеби токму ние сме тие што доаѓаат да внесат нешто непредвидливо.
За да се стигне до најголемите спортски височини, мора да се верува. Сите. Почнувајќи од фудбалерите, преку стручниот штаб, па сè до новинарите и навивачите.
Утре Македонија ги прави последните чекори – прес-конференција и официјален тренинг, последни подготовки пред натпреварот што може да влезе во историјата.
Добра ноќ за оние кои ќе спијат, со лесно на оние кои адреналинот веќе сега нѐ носи на теренот.
📍МакСпорт од Копенхаген
✍️ Благоја Филиповски

